Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека Киев е подготвен за мировни преговори насекаде освен во Русија и во Белорусија, но нагласи дека украинските сили „нема да отстапат никакви чекори“, ниту ќе отстапат територија.
Тој вели дека на Украина ѝ е потребна европска финансиска поддршка за да продолжи да се бори против руските сили уште две или три години, бидејќи планот на ЕУ да користи замрзнати руски средства за поддршка е заглавен поради противењето на Белгија.
„Им го нагласив ова повторно на сите европски лидери. Им реков дека нема да се бориме со децении, но мора да покажете дека некое време ќе можете да обезбедите стабилна финансиска поддршка на Украина“, вели Зеленски.
„Гардијан“ пренесува дека Зеленски го повикал и американскиот претседател Доналд Трамп да изврши поголем притисок врз кинескиот лидер Си Ѓинпинг да ја намали својата поддршка за Русија за време на нивниот состанок оваа недела.
„Мислам дека ова може да биде еден од силните потези на Трамп, особено ако, по овој одлучувачки чекор со санкциите, Кина е подготвена да го намали увозот од Русија“, вели тој.












