Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Киев е подготвен за мировни преговори, но дека нема да ги повлече своите сили од територијата што Москва сака да ја приклучи кон Русија, пренесе „Индепендент“.
Зеленски рече дека е подготвен за преговори насекаде, освен во Русија и Белорусија.
Претставниците на Украина и Европската Унија ќе ги разгледаат деталите од мировниот план во петок и сабота, изјави Зеленски за новинарите по средбата со холандскиот министер за надворешни работи Давид Ван Вел.
„Ова не е план за завршување на војната. Прво на сите, потребно е прекин на огнот“, рече Зеленски.
Тој изрази надеж дека Кина ќе придонесе за завршување на војната, објави Ројтерс.
„Би сакале Кина да изврши притисок врз Русија да ја заврши војната и Пекинг да не придонесува за продолжување на конфликтот“, рече Зеленски.












