Зеленски: Подготвен сум да разговарам со Путин, лице в лице

36
Фото: EPA

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во интервјуто за новинар на „Си-ен-ен“ Фарид Закарија, рече дека е подготвен лично да се сретне со шефот на Кремњљ Владимир Путин, иако претходно неколку пати наоѓаше причини да ги избегне таквите разговори., пренесе „Хил“.

„Подготвен сум да разговарам со него. Да, лице во лице“, потврди Зеленски.

„Понекогаш ни е потребно. Дури и ако не ги сакаме лицата“, му рече Зеленски на Фарид Закарија од „Си-ен-ен“ пред смеа на Конференцијата за европска стратегија на Јалта во петокот во Киев, Украина. Интервјуто се емитуваше во недела.

Истовремено, нагласи дека сака да го води дијалогот директно, без посредник од САД или Европа, иако смета на нивната поддршка.

„Значи, постои редослед на точките на разговор. Првата, ни треба средба со резултат од прекинот на огнот. И тој не е подготвен за состанокот за денес. Точно е. Да. Потоа, ако сака да зборува за територии и за некои историски луди работи и така натаму, јас сум подготвен да разговарам со него. Но, не преку Американците, не преку Европејците. Со нивна поддршка, да, но не преку нив“, му рече тој на Закарија.

Путин на 3-ти септември го повика Зеленски да дојде во Москва, ако е подготвен за преговори.

 

ИЗДВОЕНИ