Во руски напад со балистичка ракета на градот Суми во североистокот на Украина, кој се случи утринава на Цветници, се убиени најмалкуј 31 лице. Меѓу убиените се и две деца. Најмалку 84 лица се ранети, од кои шест деца.
Како што потврдија украинските власти, во нападот е погоден тролејбус, а нападот е изведен со балистичка ракета Искандер-М.
На бруталниот напад реагираше и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Без притисок на агресорот не е можен мир. Разговорите никогаш не ги запреа балистичките ракети и авионските бомби. Кон Русија треба да се однесува како што тоа го заслужуваат терористи“, порача Зеленски.
Нападот се случи еден ден откако рускиот и украинскиот министер за надворешни работи си упатија меѓусебни обвинувања за кршење надоговоорт за посредување на САД, за паузирање на нападот на енергетската инфраструктура.
Министрите за надворешната политика на двете земји разговараа на одвоени настани на Дипломатскиот форум во Анталија, во Турција, еден ден откако американскиот пратеник Стив Виткоф се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.
ИЗДВОЕНИ

Обвинителството не верува во „грозјето“, одбраната тврди: Парите се од продадени земја и трактори

Мицкоски на средба со сопственикот – „Фор-ај-џи (4iG)“ ќе инвестира 100 милиони евра за развој во Македонија

Мизерни плати, работниците во Македонија на дното во регионот – време е за промени!

Сиљановска-Давкова: Не можеме нонстоп да го менуваме Уставот по барања однадвор








