Зеленски падна во прегратката на Мелони, таа превртува очи/ВИДЕО

234
EPA/RICCARDO ANTIMIANI

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски во Рим на важен состанок, каде што разговараа за голем број теми, а фокусот на состанокот секако беше војната во Украина. Зеленски оцени дека состанокот поминал добро, а видео од првата средба на Мелони и Зеленски се појави на социјалните мрежи.

Украинскиот претседател беше пречекан на црвениот тепих. Мелони го пречека, го прегрна, а потоа го изведе својот сега препознатлив гест со превртување на очите.

По прегратката и поздравот, тие се свртеа кон фотографите. Мелони му подаде рака, но Зеленски не реагираше веднаш и накратко ја „откачи“.

„Имавме одличен и многу суштински разговор за сите аспекти на дипломатската ситуација. Цениме што Италија е активна во процесот на наоѓање ефикасни идеи и дефинирање чекори за приближување на мирот.

Ја информирав за работата на нашиот преговарачки тим, ја координираме дипломатијата. Сметаме на италијанската поддршка во иднина, ова е важно за Украина“, рече Зеленски по состанокот.

ИЗДВОЕНИ