Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САПО) откриле поткуп на еден пратеник и неколку раководители на градски администрации.
„Еден од народните пратеници на Украина, како и раководители на окружни и градски администрации и војници на Националната гарда на Украина се разоткриени за примање поткуп. Благодарен сум на антикорупциските власти за нивната работа. Може да има само нулта толеранција за корупција, јасна тимска работа во разоткривањето на корупцијата и, на крајот, фер казна“, рече Зеленски во објава на Телеграм, објави денес Укринформ.
Зеленски рече дека е важно антикорупциските институции да работат независно и дека законот усвоен во четврток им гарантира сите можности за вистинска борба против корупцијата.