Зеленски остварил „долг и суштински“ телефонски разговор со Виткоф и со зетот на Трамп – договорени следните чекори и формати за преговори со САД

1
Фото:принскрин, „Икс“

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека имал долг и суштински телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, пренесе „Хина“.

„Украина е посветена на продолжување на соработката во добра волја со американската страна за вистински да се постигне мир. Се договоривме за следните чекори и формати за преговори со Соединетите Американски Држави“, напиша Зеленски на платформата „Икс“.

Виткоф и Кушнер минатата недела во Мајами разговараа со украинскиот преговарач Рустем Умеров, кои двете страни ги нарекоа „конструктивни дискусии за унапредување на кредибилен пат кон траен и праведен мир во Украина“. Се очекува Виткоф да го информира Умеров за неговата посета на Москва и средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека во понеделник ќе отпатува за Лондон за да се сретне со Зеленски, како и со британските и германските лидери, за да разговараат за ситуацијата во Украина и разговорите предводени од САД. „Украина може да смета на нашата непоколеблива поддршка. Тоа е целата поента на напорите на „коалицијата на оние што се волни““, напиша Макрон на „Икс“.

 

ИЗДВОЕНИ