Зеленски: Ослободивме 160 квадратни километри во Доњецката област

24

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека украинските војници ослободиле 160 квадратни километри територија и седум населби во областа за време на операцијата во регионот Донецк во источна Украина.

„Чекор по чекор, војниците ја ослободуваат нашата земја: од почетокот на операцијата, ослободени се 160 квадратни километри и седум населби. Уште 170 квадратни километри и девет населби се исчистени од окупатори. Заробени се речиси стотина окупатори, а само во последните недели, руските сили претрпеа илјадници жртви – ранети и убиени“, рече Зеленски.

Тој додаде дека вчера на фронтовската линија се воделе 184 битки, од кои половината на правците Покровска и Новопавловск.

Зеленски ги посети украинските војници на фронтот и им се заблагодари за нивната храброст и посветеност, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ