Зеленски одговори: Украинците нема да дадат ниту еден сантиметар од својата земја на окупаторот/ВИДЕО

939

Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се сретнат во Алјаска на 15 август за да разговараат за евентуален мировен договор за војната во Украина, што предизвика силна реакција од претседателот Володимир Зеленски. Во утринско обраќање, тој рече дека Украина нема да предаде ниту еден сантиметар од својата територија на окупаторот.

Зеленски: „Украинците нема да ја дадат својата земја на окупаторот“
Во утринско обраќање на 9 август, украинскиот претседател Володимир Зеленски остро ја отфрли идејата за територијални отстапки како услов за мир, нагласувајќи дека одговорот на територијалното прашање е веќе јасно дефиниран во украинскиот Устав и дека „никој нема и не може да се повлече од него“.

Тој додаде дека е подготвен да соработува со Доналд Трамп и другите партнери „за вистински мир“.

ИЗДВОЕНИ