Зеленски: Одбивањето на Русија да преговара за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

31
epa12155066 Ukrainian President Volodymyr Zelensky holds briefing in Kyiv, Ukraine, 04 June 2025, amid the ongoing Russian invasion. EPA-EFE/STRINGER

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди одбивањето на Русија да спроведе прекин на огнот, велејќи дека одлуката „ја комплицира ситуацијата“ во спроведувањето на мировниот план што го бараше американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со рускиот претседател Владимир Путин, пренесе „Бета“.

„Гледаме дека Русија ги отфрла бројните повици за прекин на огнот и сè уште не утврдила кога ќе ги запре убиствата. Ова ја комплицира ситуацијата“, напиша Зеленски вечерва на социјалните мрежи.

Доколку Русија не е подготвена да спроведе едноставна наредба за запирање на нападите, како што додаде украинскиот претседател, можеби ќе бидат потребни значителни напори за да се убеди Русија да спроведе нешто многу поважно – „мирен соживот со своите соседи во наредните децении“.

ИЗДВОЕНИ