Зеленски објави: В среда нови преговори со Русија, во Турција

31

 

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, објави дека следната рунда директни преговори со Русија ќе се одржи утре, на 23 јули, повторно во Турција. Во своето видеообраќање Зеленски рече дека разговарал со шефот на украинскиот Совет за безбедност, Рустем Умеров, кој потврдил за закажувањето на состанокот.

– Од наша страна, дневниот рeд е јасен – рече Зеленски на „Икс“.

Руските власти не ја коментираа веднаш изјавата на Зеленски, иако државната новинска агенција РИА извести дека ќе се одржат разговорите на 24 и 25 јули, повикувајќи се на извори.

Претходната рунда разговори се одржа во Истанбул, на 2 јуни, а пред тоа имаше уште една, на 16 мај.

ИЗДВОЕНИ