Претставници на американскиот претседател Доналд Трамп му дадоа на украинскиот претседател Володимир Зеленски само неколку дена да одговори на предложениот мировен договор, кој бара од Украина да прифати територијални загуби во замена за неодредени безбедносни гаранции на САД, според официјални лица запознаени со разговорите.
Украинскиот претседател им кажа на своите европски колеги дека за време на двочасовниот телефонски разговор во сабота, на 6 декември, специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, и зетот на претседателот, Џаред Кушнер, извршиле притисок врз него да донесе брза одлука, објави „Фајненшл тајмс“.
Извор запознаен со преговорите рече дека Трамп се надева дека ќе постигне договор „до Божиќ“. Зеленски им рече на американските пратеници дека му треба време да се консултира со европските сојузници пред да реагира на предлогот на Вашингтон. Киев стравува дека потегот на САД без европска поддршка би можел да го поткопа единството на Западот.












