Зеленски најави средба со Трамп в петок во Вашингтон и побара успешната дипломатија за Газа да се преслика на Украина

60

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека в петок ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон. Во фокусот на разговорите, како што посочи, ќе бидат воздухопловната одбрана и опцијата за добивање на американски крстосувачки ракети „томахавк“. Средбата следува по два телефонски разговора изминатиот викенд.

Ракетите „томахавк“ се централна тема. Киев бара засилување на долгодосежниот ударен капацитет, додека Москва предупредува на „ескалација“ ако Вашингтон се одлучи за испорака на „томахавк“. Зеленски нагласува дека приоритет е заштитата на небото и одвраќањето на руските напади, а дел од деталите „треба да се разговараат лице в лице“. Во телефонскиот разговор што претходел, Зеленски повлекол паралела со американското посредување за прекин на огнот во Газа, сугерирајќи дека успешната дипломатија може да се преслика и на Украина.

ИЗДВОЕНИ