среда, февруари 25, 2026
Дома СВЕТ Зеленски најави нови преговори утре во Женева

Зеленски најави нови преговори утре во Женева

10

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека украинските преговарачи ќе се сретнат со американската делегација утре, што го потврди во разговор со новинарите, објави „Скај Њуз“.

Според него, тимот предводен од главниот преговарач Рустем Умеров ќе се сретне со специјалниот претставник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, неговиот зет Џаред Кушнер и други американски претставници. Теми на разговор ќе бидат „пакетот за просперитет“ и економската соработка.

Зеленски, исто така, додаде дека се во тек подготовки за нова трилатерална средба со Русија, за која Киев се надева дека ќе се одржи на почетокот на март.

ИЗДВОЕНИ