Зеленски: На Русија ѝ предложивме новата рунда преговори да се одржи следната недела

39

Украина ѝ предложи на Русија нова рунда преговори да се одржи следната недела, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во својата вообичаена дневна порака до Украинците, Зеленски рече дека секретарот на украинскиот совет за безбедност Рустем Умеров предложил „нова средба со руската страна следната недела“.

Украинскиот претседател нагласи дека темпото на преговорите мора да се забрза и „сè мора да се направи за да се постигне прекин на огнот“. Тој додаде дека точниот датум сè уште не е утврден.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази незадоволство од Москва и рускиот претседател Владимир Путин. Тој ѝ даде на Русија 50 дена да прекине со огнот во Украина, заканувајќи се со секундарни санкции.

ИЗДВОЕНИ