Зеленски на папата Лав XIV му подари икона насликана на кутија со оружје

568
EPA-EFE

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на папата Лав XIV му подари икона насликана на дел од кутија со тешко артилериско оружје за време на вчерашната кратката средба во Ватикан.

„За многу народи ликот на мајка со дете е симбол на животот кој мора да се заштити. Денеска на папата Лав XIV му подаривме посебна икона „Богородица со дете“, насликана на фрагмент од тешка артилериска кутија донесена од Изјум“, напиша Зеленски на својот профил на Телеграм, пренесува Униан.

Како што објасни Зеленски, оваа икона е „за нашите деца, за оние кои настрадаа од војната, кои беа намерно киднапирани и депортирани од Русија и кои ги чекаме дома, во Украина“.

„Се молиме за животите на сите наши депортирани деца и се надеваме на поддршка од Ватикан во ова прашање, така што сите – и децата и украинските затвореници – ќе се вратат дома“, додаде Зеленски.

Украинскиот претседател заедно со сопругата Олена вчера присуствуваше на церемонијата на устоличување на новиот папа Лав XIV во Ватикан.

ИЗДВОЕНИ