Зеленски му одговори на Трамп и донесе одлука: Ќе го чекам Путин во четврток во Турција! Лично!

1766
EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

„Чекаме целосен и траен прекин на огнот, почнувајќи од утре, за да ја обезбедиме потребната основа за дипломатија. Нема смисла да се пролонгираат убиствата. А, Путин ќе го чекам во четврток во Турција. Лично. Се надевам дека Русите овој пат нема да бараат изговори“, напиша Володимир Зеленски на мрежата „Х“.

„Рускиот претседател Путин не сака да склучи договор за прекин на огнот со Украина, но тој сака да се сретне во четврток во Турција за да преговараме за можен крај на крвопролевањето. Украина треба да се согласи со тоа СЕГА. Барем тие ќе можат да одредат дали е можен договор, а ако не, европските лидери и САД ќе знаат каде стојат и ќе можат да дејствуваат соодветно! Почнувам да се сомневам дека Украина ќе постигне договор со Путин, кој е премногу зафатен со прославата во Втората светска војна – војна која немаше да се добие (ниту блиску!) без Соединетите Американски Држави ОДРЖЕТЕ ГО ТОЈ СОСТАНОК, СЕГА!!!“, напиша Трамп на својата мрежа Truth.

 

Трамп му нареди на Зеленски: Веднаш прифатете го предлогот на Путин!

ИЗДВОЕНИ