EPA/OLIVIER MATTHYS
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, изјави дека Украинците ги интензивираат нападите врз Унгарија затоа што Будимпешта ја спречила Украина да се приклучи кон ЕУ и дека Киев мора да прифати дека не може да им кажува на Унгарците што да мислат.
„Украинците мора да разберат дека од фундаментални и стратешки причини Унгарија не го поддржува членството на Украина во ЕУ“, објави Орбан на Фејсбук.
Орбан повтори дека Унгарија не сака војна, како и дека не сака уништување на европската, а со тоа и на унгарската економија. „Киев мора да прифати дека тој не е оној што одлучува што треба да мисли унгарскиот народ“, рече Орбан.

ИЗДВОЕНИ