Зеленски ќе мора да донесе тешки одлуки во врска со териториите, смета Кличко

178
EPA/KAI FORSTERLING

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денес изјави дека е прерано да се зборува за руските барања за територијални отстапки, но дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „ќе мора да донесе тешки одлуки“ и оцени дека преговорите со Русија, дури и по цена на територија, би можеле да бидат единствениот пат кон мир.

Во интервју за германскиот „Билд“ тој нагласи дека многу во преговорите зависи од американскиот претседател Доналд Трамп, кој е „клучна фигура во светот“, но истакна дека рускиот претседател Владимир Путин „ја започна оваа војна“ и дека само тој може да ја запре.

„Путин во моментов не сака да се сретне со Зеленски, велејќи дека нема причина или тема за дискусија. Нашата сила е единството на Украина со Европската Унија и претседателот на САД; ова нè прави многу посилни“, рече Кличко.

ИЗДВОЕНИ