недела, февруари 22, 2026
Дома СВЕТ Зеленски ја назначи поранешната канадска вицепремиерка за свој советник за економски развој

Зеленски ја назначи поранешната канадска вицепремиерка за свој советник за економски развој

97
EPA/OLIVIER MATTHYS

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја назначи поранешната канадска вицепремиерка Кристија Фриланд за свој советник за економски развој, наведувајќи го нејзиното искуство во привлекувањето инвестиции и спроведувањето економски реформи, пренесе „Бета“.

Тој рече дека Украина мора да ја зајакне својата внатрешна отпорност за да се подготви за брзо закрепнување доколку дипломатијата успее, но и да ја зајакне својата одбрана во случај на продолжена војна.

Фриланд, која е од украинско потекло, беше вицепремиерка на Канада од 2019 до 2024 година, е член на канадскиот парламент и специјален пратеник на Отава за Украина.

ИЗДВОЕНИ