Зеленски ја менува реториката: Го воведува поимот „правно непризнавање“ на окупацијата

874
EPA/AARON SCHWARTZ / POOL

Украинскиот претседател Володимир Зеленски почна јавно да ја користи фразата „правно не ja признаваме“ кога се осврнува на териториите под контрола на руските сили, објави украинската новинска агенција УНИАН.

Тој прецизираше дека оваа формулација се однесува на поголемиот дел од окупираните територии, но исто така посочи дека дискусијата нема да се однесува на руската контрола врз регионите Суми и Харков.

„Би сакал уште еднаш да нагласам дека ние правно не ја признаваме окупацијата“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател, исто така, откри дека на неодамнешниот состанок во Белата куќа презентирал мапа на Украина со означени позиции на линијата на фронтот. Сепак, како што рече, американската страна веќе подготвила своја верзија на мапата, која, според него, содржела грешки во прикажувањето на процентот на територии контролирани од руската војска.

„Подготвен сум да ја означам ситуацијата на која било мапа, бидејќи ги знам сите информации многу добро“, нагласи Зеленски.

За време на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп на 18 август, на јавноста ѝ беше прикажана и мапа на Украина. Според извештајот на Би-Би-Си, источниот дел од земјата под контрола на руските вооружени сили бил означен со розова боја.

ИЗДВОЕНИ