Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за време на телефонскиот разговор со неговиот американски колега Доналд Трамп, се согласил да „зајакне заштитата“ на украинскиот воздушен простор по уште еден масовен напад од страна на руски беспилотни летала и ракети, пренесе „Бета“.
„Разговаравме за опциите за противвоздушна одбрана и се согласивме да работиме заедно за зајакнување на заштитата на воздушниот простор“, рече Зеленски на Телеграм, додавајќи дека разговорот бил суштински.
Шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, изјави претходно денес дека телефонскиот разговор Зеленски-Трамп „бил многу важен и богат“.
Трамп претходно разговарал телефонски со рускиот претседател Владимир Путин, но немало напредок кон прекинување на војната на Русија во Украина.