недела, февруари 1, 2026
Дома СВЕТ Зеленски го објави датумот на новата рунда преговори во Абу Даби: „Подготвени...

Зеленски го објави датумот на новата рунда преговори во Абу Даби: „Подготвени сме“

14
EPA/SARAH MEYSSONNIER / POOL MAXPPP OUT

Трилатералните разговори меѓу Русија, Украина и САД ќе се одржат во среда и четврток во Абу Даби, објави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Директните разговори меѓу Киев и Москва требаше да се одржат во недела, но Зеленски рече дека преговарачкиот тим му доставил извештај во кој е договорен нов датум за состанокот во Обединетите Арапски Емирати. Претходно не беше јасно дали состанокот во недела воопшто се одржал.

„Украина е подготвена за суштинска дискусија и е заинтересирана да се приближи до вистински и достоинствен крај на војната“, напиша тој на платформата „Икс“.

Директните разговори меѓу Москва и Киев продолжија пред една недела во Абу Даби по долга пауза. Тие се одржаа зад затворени врати со посредство на американскиот претставник Стив Виткоф. Иако преговарачките тимови ги оценија како конструктивни, мировен договор сè уште не е на повидок, а територијалните прашања остануваат главна пречка.

Русија бара Киев да се повлече од делови од источниот регион Донбас, кој се состои од Донецк и Луганск, што Зеленски постојано го отфрла, пренесува „Хина“.

ИЗДВОЕНИ