Зеленски: Фокусот на разговорите во САД беше на суверенитетот на Украина и националните интереси

164
epa12532885 Ukrainian president Volodymyr Zelensky arrives to the Lower Chamber of Spanish Parliament in Madrid, Spain, 18 November 2025. This is Zelensky's third visit to Spain during his European tour, where he is asking EU countries for military assistance against the Russian invasion. EPA/JAVIER LIZON

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека фокусот на разговорите меѓу украинската и американската делегација за време на средбата во Флорида бил да се осигура дека Украина го одржува својот суверенитет и националните интереси.

„Денес, откако тимовите ја завршија својата работа во Соединетите Американски Држави, шефот на украинската делегација, Рустем Умеров, извести за главните параметри на дијалогот, акцентите и некои резултати. Важно е разговорите да имаат конструктивна динамика и сите проблеми да можат отворено да се дискутираат“, напиша Зеленски по разговорите на својот профил на мрежата „Икс“.

Тој изрази благодарност до САД, претседателот Доналд Трамп и неговиот тим за „времето што интензивно го искористија за да ги дефинираат чекорите за завршување на војната“.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, по состанокот на двете делегации во Флорида, изјави дека преговорите биле многу продуктивни и корисни и дека е постигнат огромен напредок. Тој истакна дека тимовите не работат само на услови што ќе ги прекинат борбите меѓу Украина и Русија, туку и на „услови што ќе ја подготват Украина за долгорочен просперитет“.

Тој нагласи дека Русија ќе игра централна улога во секој договор за завршување на војната со Украина, оценувајќи ги мировните преговори како деликатни и комплицирани. „Многу работи се движат и очигледно е вклучена и друга страна која ќе мора да биде дел од равенката“, рече Рубио.

По состанокот, водачот на украинската делегација и секретар на Советот за безбедност, Рустем Умеров, изјави дека главната цел на преговорите е силна и просперитетна Украина и изрази благодарност до Соединетите Американски Држави за нивната поддршка на Украина, пренесува „Танјуг“.

Во продолжение на преговорите, специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, ќе пристигне денеска во Москва, каде што се очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

ИЗДВОЕНИ