Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека главните цели на руските напади врз Украина синоќа беа енергетските објекти. Според него, во текот на ноќта, масовни напади со беспилотни летала и ракети беа извршени врз цивилната инфраструктура во неколку региони, вклучувајќи ги регионите Киев, Дњепропетровск, Чернихив, Запорожје, Одеса, Лвов, Волин и Николаев, објави „!Укринформ“.
Тој додаде дека во нападите била погодена и главната зграда на железничката станица во Фастив.
„Бесмислен напад од воена гледна точка, и Русите мораа да го разберат тоа“, наведе Зеленски на „Фејсбук“. Украинскиот претседател, исто така, рече дека биле употребени повеќе од 650 беспилотни летала и 51 ракета, вклучувајќи аеробалистички и балистички, а некои биле повредени. Обновувањето на оштетените региони е во тек, пренесува „Танјуг“.
„Целта на Русите е да им наштетат на милиони Украинци. Тие лансираа ракети врз мирни градови на Денот на „Свети Никола“. Потребна е дополнителна меѓународна поддршка, санкциите мора да функционираат и нашата воздушна одбрана мора да функционира“, нагласи Зеленски.












