Зеленски: Без вистински притисок на рускиот државен врв, оваа суровост нема да биде запрена

267
Фото:принскрин/видео Х

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека руските сили во изминатата ноќ извеле речиси 300 напади со дронови и 70 ракетни удари, користејќи балистички ракети, на територијата на Украина, наведувајќи дека „без вистински и силен притисок на рускиот државен врв оваа суровост не може да биде запрена“.

„Спасувачките екипи денеска по масовниот руски напад интервенираа на повеќе од 30 украински градови и села. Нашите служби се на терен секаде каде што е потребно и им пружаат помош на граѓаните“, насведе Зеленски на Фејсбук.

Според него, најмногу се користени дронови од типот „шахид“ како и ракети од различен вид, вклучително и балистички.

Зеленски додаде дека цел на нападот биле и градови и станбени згради кои се намерно гаѓани и погодени.

Тој наведе дека во Киев се оштетени спалните соби во рамки на згрдата на унивезитетот за историја, како и повеќе фирми, и дека има ранети и загинати, вклучително со деца.

Зеленски додаде дека покрај Киев, гаѓани се и Житомир, Хмељнички, Тернопол, Одеса, Суми, Полтава, Харков и Миколаев.

„Секој таков терористички руски напад е доволна причина за нови санкции против Русија која ја одолговлекува оваа војна и продолжува секојдневно да убива“, наведе украинскиот претседател.

Тој додаде дека тоа не смее да се игнорира, како и дека молкот на Америка и останатите само го охрабрува рускиот претседател Владимир Путин.

„Без вистински и силен притисок на рускиот државен врв оваа суровост не може да биде запрена. Санкциите дефинитивно ќе помогнат во тоа“, порача тој, додавајќи дека сега од важна одлучност на САД, европските земји и на сите во светот кои сакаат мир.

Според Зеленски, Путин мора да биде натеран да размислува, не за ракетни удари, туку за ставање крај на војната.

Во руските напади на Украина загинаа најмалку 12 лица, соопшти претходно украинската државна Служба за вонредни ситуации.

 

 

ИЗДВОЕНИ