среда, февруари 11, 2026
Дома СВЕТ Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на...

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

36
EPA/SARAH MEYSSONNIER / POOL MAXPPP OUT

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека бара мировниот договор да содржи конкретен датум за пристапување на Украина во Европската Унија, бидејќи во спротивно Русија, преку своите претставници, ќе се обиде да го забави овој процес.

„Сакам точен датум. Ве уверувам, ако договорот, кој го потпишаа Америка, Русија или (рускиот претседател Владимир) Путин, јас како претседател на Украина и Европа, нема датум, Русија подоцна ќе направи сè за да го блокира процесот. И не мора со свои раце, туку со рацете на одредени претставници на Европа“, рече Зеленски, пренесува Укринформ.

Тој посочи дека пример за таква ситуација е денешната неможност за отворање преговарачки групи.

ИЗДВОЕНИ