недела, октомври 4, 2026
Дома СВЕТ Зеленски: Америка не смее да заборави дека е 100 пати посилна од...

Зеленски: Америка не смее да заборави дека е 100 пати посилна од Русија во преговорите

0
EPA/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека САД не смеат да заборават колку се посилни од Русија во преговорите, истакнувајќи дека Владимир Путин почнал да мисли оти тој е тој што одлучува што ќе се понуди на преговарачката маса.

Зеленски рече дека верува оти САД навистина сакаат да ја завршат руската војна против Украина.

„Мислам дека САД навистина сакаат да ја запрат руската војна. Им верувам. Но, разбирам дека е тешко да се запре некој што е голем и не сака да запре. Затоа се обидувате да најдете некакви компромиси со Русија. Но, мислам дека губиме време ако сакаме да ја играме играта на руски компромиси“, рече Зеленски во интервју за „Ројтерс“.

Зеленски изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сега сака да постигне некаква победа пред изборите за Конгресот на средината на мандатот.

Според него, Путин ќе направи сè за да ги поттикне Иранците и да ги попречи преговорите. „Претседателот Трамп сака да постигне некаква победа пред изборите за Конгресот. Но, Путин ќе направи сè за да ги подбуцне Иранците и да ја направи целата ситуација неповолна за преговори.

Истото важи и за руската војна против Украина. Ако Путин види дека на претседателот Трамп му треба победа, тој ќе одлучи за што да направи отстапка, а за што не. И тоа е проблемот – Путин почна да мисли дека „тој“ е тој што одлучува. Но, Америка е сто пати посилна од Русија. Апсолутно. Тие само треба да се сетат на тоа“, рече Зеленски.

„Њујорк тајмс“ претходно објави дека Белата куќа размислува за потпишување одредени деловни договори со Русија како гест на добра волја.

Според весникот, САД и Русија исто така преговараат за договор вреден повеќе милијарди долари што го опфаќа глобалното портфолио на нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи во сопственост на руската компанија „Лукоил“.

Одделно, „Атлантик“ објави дека Трамп го прифатил предлогот на својот специјален пратеник, Џон Кол, за ублажување на санкциите кон Русија во замена за ослободување на голем број затвореници што ги држи Русија.

ИЗДВОЕНИ