Лејсон Зеќири даде свој придонес во многу важниот триумф на гостински терен во Даблин, каде што бевме подобри од репрезентацијата на Ирска (88:76), за втора победа на почетокот од претквалификациите за Еврбаскетот 2029.

  • На почетокот, мечот не беше на наша страна поради цврстата игра на ривалот. Но, брзо се адаптиравме и дадовме одговор. На крајот од втората четвртина поведовме, а потоа продолживме по тој пат. Третиот период имаше добар „проток“ на топката, добра одбрана, лесни поени во нападот и потоа успеавме да ја изградиме разликата, која ни ја донесе победата. Со овие две победи, 90 % си ја завршивме работата, но не значи дека ќе се опуштиме. Ќе работиме да ги добиеме и тие дуели, кои на хартија, можеби, се полесни – потенцираше Зеќири.

ИЗДВОЕНИ