Здравствена работничка од Итната медицинска помош нападната од млада скопјанка пред угостителски објект во центарот на Скопје

40

Здравствената работничка Д.Б. (36) од село Булачани, скопско, денеска пријави физички напад пред угостителски објект во централното подрачје на Скопје.

Инцидентот се случил на 27 септември околу 23:15 часот, додека таа извршувала работни задачи во својство на здравствен работник во комбе од Итна медицинска помош. Нападот, според пријавата, го извршила 24-годишната И.Д. од Скопје.

Според пријавата поднесена во 02:40 часот на 28 септември во СВР Скопје, нападот бил насилен, но засега нема дополнителни детали за мотивот или евентуални повреди на жртвата.

Полицијата го документира инцидентот и најавува дека по целосно истражување ќе следува соодветен поднесок против сторителката.

ИЗДВОЕНИ