Здравко Стојмиров од Битолскиот театар ја освои наградата најдобар актер на Меѓународниот фестивал на монодрама, „Алба моно“, што се одржа во албанскиот град Поградец.

Меѓународното жири во кое членуваа Азура де Грегорио, Ана Мариани и Клајди Малелари, го награди Стојмиров за монодрамата „Фетишист“, проект на НУ Народен театар – Битола.

Монодрамата „Фетишист“ неодамна беше изведена и на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола.

ИЗДВОЕНИ