Од како минатата ноќ беше фрлена рачната бомба во Белград врз куќата на Здравко Чолиќ, тој се огласи и еве што кажа: – Има материјална штета, но ќе се поправи. Јас сум сега во Загреб каде што ги завршувам последните песни за новиот албум. Дома во Белград, сè е во ред, фала му на Бога. Сите се добро. Го разбирам интересот на новинарите, но морам да истакнам дека некои текстови се тенденциозни.
Пишувани на начин што не одговара на точната и вистинската ситуација. Мислам дека е важно информациите да се дистрибуираат одговорно, да не се лажни и да се врз основа на проверени факти. Истрагата е во тек. Чекам полициски извештај, истакна Здравко Чолиќ.












