Здравјето мора да ѝ е на прво место: 79-годишната американската музичка икона ќе го пропушти доделувањето на значајна награда

46
Фото:википедија

Легендата на кантри музиката и позната хуманитарка Доли Партон нема да присуствува на овогодинешната церемонија „Governors Awards“ во ноември, каде што требаше да добие награда за хуманитарна работа, потврди Variety.

Во неделата, 79-годишната музичка икона објави дека ги одложува закажаните концерти во Лас Вегас во декември, нејзин прв престој во градот по 32 години, наведувајќи здравствени причини како проблем што ја спречил.

Лекарите ја советувале да се подложи на неколку процедури, што ќе ја спречи да се подготвува за настапи.

Концертите се одложени за септември 2026 година.

Поради истите здравствени причини, Доли исто така нема да може да се „појави виртуелно“ на церемонијата во Лос Анџелес.

Првично планираше да се обрати на публиката од Нешвил преку видео врска.

Се чини дека болеста е посериозна отколку што се мислеше претходно.

Доли неодамна откри дека има камења во бубрезите.

Оваа година беше тешка и на лично ниво. Нејзиниот сопруг, Карл Дин, со кого беше во брак речиси 60 години, почина во март на 82-годишна возраст.

ИЗДВОЕНИ