Колку повеќе време поминува помеѓу берењето на еден производ и неговото консумирање, толку помалку хранливи материи содржи, вели Елизабет Сомер, авторка на „Вашиот пат до среќата преку храната“.
Затоа нашата исхрана треба да се базира на свежи, локално одгледувани производи, а да ги избегнуваме оние што „не се сезонски“, објавува Nova.rs.
Аспарагус
Аспарагусот може да се најде во продавниците речиси преку целата година, но е најдобра напролет, кога врвовите се цврсти и вкусни. Зимските шпаргла доаѓаат од латиноамериканските земји, па затоа се многу „дрвенести“ и безвкусни.
Наместо тоа, изберете:
Прокељ, богат е со витамин Ц, кој го зајакнува имунитетот, и витамин К, кој помага за здравјето на коските. Најдобро е да се подготви со домашна сланина.
Праски
Праските се најсочни и најслатки во лето. По август, тешко се наоѓаат во продавниците. Ако ги најдете, веројатно се увезени од Јужна Америка.
Наместо тоа, изберете:
Агруми како на приемер портокали, кои се богати со слатко-кисел сок, витамини и минерали кои го штитат телото од сезонски настинки и грип.
Свеж грашок
Слаткиот и нежен грашок е пролетен дар од природата и се смета за еден од најчистите зеленчуци на пазарот. Зимскиот грашок, сепак, има брашнеста текстура и слаб вкус.
Наместо тоа, изберете:
Замрзнат грашок, кој е спакуван во текот на сезоната и го задржал својот вкус.
Пченка кочан
Вариената или печена пченка е подобар избор од чипсот, но свежите кочани во зима не се ни приближно толку вкусни како летните, полни со слатки и нежни зрна.
Наместо тоа, изберете:
Замрзнатата слатка пченка е поздрава алтернатива, бидејќи ги задржува хранливите материи како лутеинот.
Јагоди
Ако најдете јагоди во зима, имајте предвид дека веројатно поминале месеци во замрзнувачот. Тие немаат вкус или арома, а нивните хранливи материи се изгубени со текот на времето.
Наместо нив, изберете:
Замрзнатите бобинки, набрани во моментот на нивната најголема сочност, се совршени за правење пити, штрудли и други десерти.
Домати
Доматите го достигнуваат својот врвен вкус и сочност кон крајот на летото. Сепак, доматите што се во замрзнувачот со месеци ја губат својата свежина, вкус и содржина на ликопен.
Нанесто домати, избрете:
Свежото е секогаш најдобро, но во зима, користете конзервирани излупени домати или пире од домати за супи, чорби и сосови. Доколку е можно, изберете органски домати во тегли без конзерванси.
Боровници
Боровинките не само што се поскапи во зима, туку имаат и помалку витамин Ц и се посклони кон расипување.
Наместо тоа изберете :
Замрзнатите боровинки се исто толку здрави како и свежите, со речиси иста количина на антиоксиданси.












