Кога станува збор за тоа да останете здрави додека сте на одмор, една од најголемите пречки може да биде нарушувањето во рутината. Јадењето на патување е потешко. Целата ситуација се надополнува кога сме на плажа, каде што треба да размислуваме за грицки што треба да бидат здрави, преносливи, „отпорни на песок“, лесни за подготовка и што остануваат свежи
Го победивте грицкањето на каучот дома, го совладавте безумното џвакање во канцеларија, но дали сте подготвени да сопрете со пиењето и со јадењето на плажа?
Кога станува збор за тоа да останете здрави додека сте на одмор, една од најголемите пречки може да бидат нарушувањето во рутината и пристапот до удобностите во домот. Јадењето на патување е потешко. Целата ситуација се надополнува кога сме на плажа каде што треба да размислуваме за грицки што треба да бидат здрави, преносливи, „отпорни на песок“, лесни за подготовка и што остануваат свежи.
Мислите дека храната погодна за на плажа доаѓа само во торба или во обвивка? Размисли повторно!
Еве ги најдобрите свежи закуски за на плажа, кои треба да ги ставите во вашата торба на овој одмор.
Овошје
Во ред, можеби веќе сте помислиле на ова.
Овошјето е неверојатна здрава закуска за на плажа, бидејќи доаѓа со сопствено вградено пакување. Праските, јаболката, црешите, портокалите и бананите се одлична опција.
Но, не мора да бидете ограничени само на целото овошје.
Сокот од лимон врз веќе исечено овошје ќе ви помогне тоа да не оксидира. Дали знаевте дека може однапред да исечете јаболко и потоа да го завиткате со проѕирна фолија за да остане свежо за подоцна? Навистина функционира тоа.
Варијација: за дополнителен дел протеини, обидете се да додадете единечна порција од омилениот путер од јаткасти плодови во количина за патување.
Зеленчук и хумус
Спакувајте го омилениот зеленчук и малку хумус и упатете се кон столчето на плажа. Оваа закуска не е само хранлива туку и е вкусна – фала Богу!
Наутот (основата за хумус, ако веќе не сте знаеле) е преполн и со протеини и со влакна, а доколку се обидувате да ослабите, сигурно ќе ви помогне да останете сити подолго време. Одлично!
Обидете се со различни вкусови додека не дојдете до вашиот омилен. И размислувајте подалеку од морковите или од целерот – брокулата, карфиолот, пиперките, аспарагусот и боранијата се одлични исто така.
Овес
Овесот е прекрасна закуска. Суров овес оставен во фрижидер прекноќ, кој ја впива течноста во која е ставен, за кремасто уживање наутро. Може да користите млеко, кое било, по ваш избор, или јогурт.
Потоа може да ставите какви било додатоци, големи или мали.
Има толку многу различни рецепти што сигурно ќе најдете некој што одговара на вашиот вкус – од оние што вклучуваат овошје или чоколадо до оние со ноти на солени билки или зачини.
Сендвичи без леб
Брз и лесен начин да ги намалите калориите со вашите закуски и ручек на плажа е да го оставите лебот. Знам, лебот е вкусен, но кој сака да се чувствува летаргично и надуено на плажа?! Уште еднаш ќе се свртиме кон зеленчукот за овој трик со закуска за на плажа.
Наша омилена замена за лебот се краставицата, пиперка и зелената салата, но размислете и надвор од шаблонот. Се обложувам дека ќе откриете дека голем дел од вашиот омилен зеленчук ќе биде добар за одлични сендвичи.
Ореви и семиња
Јаткастите плодови и семките се одлична закуска за на плажа сè додека не се презаситете. Поделете ги и ставете ги во торбата. Балансирајте ги со другите одлични закуски на оваа листа и ќе бидете подготвени да одите на плажа.
Ако вообичаено сакате да јадете кикиритки или бадеми, обидете се сега со ореви, кои обезбедуваат омега-3 масни киселини што се здрави за срцето.
Забелешка: ако внимавате на внесувањето натриум, изберете несолени јаткасти плодови.
Тврдо варени јајца и сирење
Друга храна што доаѓа со сопствено „пакување“ се јајцата. Тврдо варени и наместо да правите традиционални сендвичи со салата од јајца, обидете се со јајце директно во комбинација со парче сирење или спакувана закуска со протеини.
Вода
Кој не сака добар коктел покрај базен или сода на плажа? Но, ние сме на одмор – големи се шансите да трошиме дополнителни калории насекаде. Затоа, кога е топло, а ние сме на плажа или покрај базен, најдобро е да се држиме за водата.
Но, чекајте! Водата не мора да биде досадна!
Еве неколку начини да ја направите водата освежителна.
Наполнете ја водата со:
- парчиња краставица;
- јагода, краставица, лимета и нане;
- лимон и нане;
- јаболка и цимет ;
- Ппортокал, боровинка и босилек.
Како што можете да видите од списокот погоре, се фокусиравме на целосно свежата храна наместо на пакуваните закуски. Многу од спакуваните грицки се покалорични, полни со сол и нема да ве заситат долго, што придонесува за прејадување. А, како дополнителен бонус, оваа здрава храна чини помалку.
Грицкањето (додека читате книга на плажа) може да придонесе за прејадување. Дали знаевте дека истражувањата покажуваат дека расеаноста и необрнувањето внимание на оброкот ги тераат луѓето да јадат повеќе за време на тој оброк? Истражувањата, исто така, открија дека, обратно, обрнувањето внимание на оброкот ни помага да јадеме помалку.
Бидете свесни колку јадете и што јадете наместо да оставите отворена ќесе со грицки покрај себе додека вашиот ум е на друго место. Внимавањето на она што го јадете може да ви помогне да донесувате подобри одлуки.
И за крај, знаете ли кој е најдобриот начин да избегнете дополнителни калории на плажа?
Станете, погледнете ја околината и раздвижете се! Ако сте активни и уживате во пливањето, пешачењето и во интеракцијата со семејството и со пријателите, помала е веројатноста постојано да размислувате за јадење.
Марија СОКОЛОСКА