Британскиот премиер вчера одлучи да направи мала шега на сметка на својот колега Емануел Макрон. Кир Стармер се пошегува на Емануел Макрон појавувајќи се во авијатичарски очила за сонце за време на хумористична вечер во Лондон.
Британскиот премиер беше гостин во емисијата „The Political Party Live“ во театарот „Дуч“ и одговараше на прашања во живо пред публиката, пишува Телеграф. Во видеото, кој го објави на својот TikTok профил, Стармер додаде очила за сонце и веднаш ги стави на лицето пред да каже: „Бонжур“, алудирајќи на францускиот претседател кој ги носеше минатата недела во Давос, предизвикувајќи многу реакции.
Во објавата, тој го означи Макрон и додаде натпис: „Зборувај со мене, Гус“, референца на „Топ Ган“, филмот што ги направи познатите авијатичарски очила препознатлив моден детаљ.
@keirstarmer @Emmanuel Macron ♬ original sound – Keir Starmer
Потегот предизвика смеа кај публиката во лондонскиот Вест Енд, а Стармер на водителот Мет Форде му рече дека би размислил да носи такви очила на идни состаноци.
Набргу потоа се пошегува дека сепак му се потребни неговите вообичаени очила, бидејќи без нив не би можел ништо да види во парламентот.
Емануел Макрон минатата недела ја изненади јавноста појавувајќи се на средба со светските лидери во Швајцарија со пилотски очила. Француските медиуми подоцна објавија дека претседателот со очилата ги прикривал последиците од пукање на крвен сад во окото.












