
Висок функционер од палестинското милитантно движење „Хамас“ изјави денес дека разговорите за време на вториот ден од преговорите во Египет меѓу медијаторите и делегацијата на движењето за планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Појасот Газа завршиле. Функционерот на „Хамас“, кој разговараше со „Ал Џезира“ под услов на анонимност, рече дека разговорите за време на вториот ден во Шарм ел-Шеик се фокусирале на мапите за повлекување на израелските сили од Појасот Газа и ослободување на заложниците.
Тој изјави дека делегацијата на „Хамас“ побарала фазите на ослободување на израелските заложници да бидат поврзани со повлекувањето на израелската армија и дека ослободувањето на последниот израелски заложник мора да се совпадне со конечното повлекување на израелските сили. За време на преговорите, делегацијата на „Хамас“ ја нагласи потребата од добивање меѓународни гаранции за конечно прекин на огнот во Појасот Газа и за повлекување на сите израелски војници од таа територија.
Порано денес, Трамп вети американска поддршка за безбедносните гаранции за Појасот Газа и изрази верување дека договорот за преостанатите израелски заложници што ги држи палестинската група „Хамас“ во таа енклава е при крај, пренесува „Танјуг“.
Во разговор со новинарите во Овалната соба пред почетокот на разговорите со канадскиот премиер Марк Карни, Трамп рече дека верува оти постои можност да се постигне мир на Блискиот Исток.
Првите индиректни разговори меѓу израелските и израелските делегации на Хамас започнаа вчера во Шарм ел Шеик.