Екипата на Компанија Атанасовски само потврди кој е најдобриот футсал тим во моментов во нашата држава, откако за само неколку недели освои два екстра силни турнири во мал фудбал на државно ниво. По трофејот во Маџари, Компанија Атанасовски се радуваше на првото место и на најмасовниот, но и најквалитетниот турнир во мал фудбал кој се одржува во Македонија – „Оливер Соколов – Сокол“.

Тие во финалето беа подобри од екипата на АСП ПАК од Охрид, победувајќи со 5:2 и со тоа добија вредна награда од половина милион денари. Вицешампионот, пак, се радуваше на премија од 250.000 денари.

  • Завршница што ќе се памети. Година по година, „Сокол ВЛТ“ не е само турнир – тој е момент што ги обединува луѓето. Она што почнува како натпревар, завршува како емоција, приказна и заедништво. Оваа година ја потврдивме суштината на нашата мисија – да создадеме нешто што трае подолго од резултатите. Секоја вечер, секоја победа и секоја искрена реакција од трибините зборуваше за истото: дека фудбалот е повеќе од игра – тој е јазик на страста, пријателството и припадноста.  Оваа година беше повеќе од спорт – беше потсетник дека љубовта кон играта не старее, туку се пренесува. И токму затоа, „Сокол ВЛТ“ живее. Со завршувањето на 21-вото издание, со гордост најавуваме ново поглавје во 2026 година – уште поголемо, посилно и подеднакво човечно. Благодариме на сите што веруваат во нас. Ова не е крај – ова е традиција што продолжува, порачаа од „Сокол“

Инаку, За најдобар играч на турнирот прогласен е Димитар Јанев од Компанија Атанасовски, а наградата за најдобар голман ја освои Наум Таулоски од тимот на АСП ПАК. За најдобар млад играч прогласен е Андреј Јаневски – Компанија Атанасовски.

 

ИЗДВОЕНИ