Лахлан Мардок, најстариот син на познатиот австралиски медиумски магнат Руперт Мардок, ја презема контролата врз семејната империја, во која се вклучени „Фокс њуз“ и „Волстрит џурнал“ (WSJ), додека другите членови на семејството ќе бидат исплатени во готово.
Договорот става крај на повеќемесечниот спор меѓу децата на Руперт Мердок. Џејмс, Елизабет и Пруденс се согласија да ги продадат своите удели во „Фокс“ и „Њуз Корпорејшн“ во рок од шест месеци, а за возврат секој ќе добие по околу 1,1 милијарда долари, објави „Скај њуз“.
Новиот семеен фонд ќе биде формиран првенствено во корист на Лахлан, но и на неговите помлади полусестри, Грејс и Клое, ќерките на Руперт Мардок и неговата поранешна сопруга Венди Денг.
Станува збор за правен аранжман во кој основачот префрла средства (фонд) на стечаен управник, кој е законски обврзан да управува со тие средства во корист на одредени корисници (членови на семејството), според условите на договорот за доверба.
Децата на Руперт Мердок претходно го оспорија неговиот обид да ги промени условите на семејниот фонд, формиран по неговиот развод од неговата втора сопруга, Ана, во 1999 година.
Оваа правна сага и соперништвото меѓу потомците на Руперт Мердок долго време ја интригираа јавноста, а многумина веруваат дека тоа била инспирација за популарната телевизиска серија „Наследници“ (Succession)