Заврши реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Димитров“

0

Со реализирањето на последната фаза од асфалтирањето, завршена е реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Димитров“ во Општина Кисела Вода.

– Со новото уредување се создаваат уреден сообраќаен пат – широк коловоз, нови тротоари, партерно уреден простор, како и ново улично осветлување. Ова ќе придонесе за подобар проток, зголемена сообраќајна безбедност и за многу поквалитетно секојдневие за жителите.

Реконструкцијата покрива потег долг околу 1.200 м и широк 12 метри.

Проектот е реализиран со поддршка од Владата, преку Програмата за капитални инвестиции.

 

ИЗДВОЕНИ