Завршена е реконструкцијата на дел од улицата „3“ во Љуботен. Пред само неколку дена заврши и санацијата на улицата „1“ во истото населено место.
– Со ова, по 1998 година целосно ги реконструиравме двете главните улици во Љуботен. Интензивно се гради и водоводот со кој Љуботен ќе добие градска вода. Во изминатиот период реконструиравме и 12 улици во Љуботен. Ги менуваме работите за да обезбедиме пристојни услови за живот на сите граѓани. Инвестираме и градиме онаму каде што никој немал интерес во изминатите децении – нагласуваат од Општина Бутел.












