Град Скопје ги заврши градежните работи за пробивање на пешачките и на велопатеките, вклучително и реконструкцијата за поврзување на булеварот „Александар Македонски“, покрај надвозникот „Естекада“.
-Продолжуваме со инвестициите во системските решенија за развој и подобрување на локалната велосипедска инфраструктура во Скопје. Со реализацијата на овој проект, целосно се реконструирани оштетените велосипедска и пешачка патека, на површина од 1.200 квадратни метри и имаше пробивање за поврзување со главната сообраќајница, со што се зголемуваат безбедноста и сигурноста на пешаците и на велосипедистите, а се овозможува и поефикасно поврзување на жителите од населените места.