Јулијан Ќумраку и Арбен Ука се предадоа на албанските специјални сили откако беа опколени од вчераутро. Албанската полиција наиде на отпор од двете лица осомничени за извршување терористички акти..
Во објектот каде се криеле открила и оружје, муниција и знамиња на терористичката организација ИСИС, објави Топ чанел, повикувајќи се на полициско соопштение. Во акцијата „Орош“ биле вклучени и припадници на специјалната единица „Ренеа.
Албанскиот Топ Ченел објави дека откако браќата и сестрите на двајцата осомничени интервенирале и ги повикале да се предадат, тие конечно решиле да го положат оружјето и да ја напуштат куќата.
„Воу њуз“ дознава дека двете лица се криеле во оваа куќа во селото Орош кај Мердита во северниот дел на земјата, еден месец, додека Ука наводно претходно бил баран од антитерористичката полиција. „Лајме Дурш“ објави дека еден од двајцата се слушнал како извикува „Алаху акбар“.




![[Интервју] Пројковски: Театарот треба да го каже она за што другите молчат](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/11/prr-450x300.jpg)







