среда, февруари 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Заврши блокадата на Плетвар, се најавуваат нови протести

Заврши блокадата на Плетвар, се најавуваат нови протести

432

Денеска околу 14 часот заврши блокадата на патниот правец Прилеп-Градско кај Плетвар и со што се нормализира сообраќајот. Како што претходно информира АМСМ околу 150 граѓани од ромска националности протестираа против новите законските одредби со кои се одзема воилото при возење без возачка дозвола.

– Ова е мирен протест. Бараме да се укине законот и да биде како што беше досега. Да не се одземаат возилата. Нека се казнува за возење без возачка ама како досега, но со одземање на возилата ни се нанесува голема неправда, не само на Ромите, туку и на другите граѓани од други националности, изјави по протестот Ерсад Решидоски од Прилеп.

Граѓаните најавија секојдневни протести додека не се сменат законските одредби за казнување.

ИЗДВОЕНИ