Со викенд-изданието на 18 октомври, Весникот ВЕЧЕР завршува со подарување книги, акција која овие две недели успешно ја организираше и ја спроведе заедно со издавачката куќа „Матица македонска“ за своите верни читатели.

Сите оние што собраа пет последователни купони од оваа недела, од 1 до 5, (од понеделник до петок, и резервниот кој ќе биде објавен в сабота) од страниците на весникот, можат бесплатно да добијат книга од познати европски и светски писатели, но и од македонски автори, во издание на „Матица македонска“. Избраните наслови од втората недела во која подаруваме книги се објавени во продолжението на текстот и можат да се подигнат најдоцна до 24 октомври. Рокот за подигање книги со првите пет купони од минатата недела, е до денеска, 17 октомври.

Истовремено, освен бесплатна книга, со петте купони „Матица македонска“ одобрува и 30 % попуст на кој било наслов од изданијата на оваа издавачка куќа.

Книгите се подигаат директно во продавницата на „Матица македонска“, на булеварот „Климент Охридски“ 23 во Скопје.

ИЗДВОЕНИ