И тоа го доживеавме и среќни преживеавме. Охридскиот музички фестивал расадник на фолк и поп хитови уште еднаш ја освои многубројната публика која до последно место го полнеше Долни Сарај, додека оние кои не беа на лице место, целиот спектакл го следеа преку фрекфенцијата на Македонската тв. И, секако дека наградите заминаа во вистински раце.
На фолк вечерта победи Анета Љумаковска со песната “Срцево те бендиса”, а втора и трета награда им припадна на Бобан Зафировски и Петар Нечовски.
Наградата за интерпретација оваа вечер замина кај вечната Блага Петреска која маестрално пееше, додека наградата на акредитираните новинари ја доби Нино Величковски.
Интернационалната вечер беше навистина интернационална. Па така победата ја славеше гостинот од Србија Милан Бујаковиќ со песната ” Срце лава”.
Најатрактивната гостинка со самата своја харизматична појава беше се уште актуелната Сузана Манчиќ. Вистинска дама која со секоја емоција покажа колку го сака Охрид и неговиот фестивал. Таа воедно и пееше и доби награда за Трајни вредности по повод нејзината 50-годишна кариера.
Баже и Јуле Маротови добија награда од акредираните новинари.
На фестивалот му се врати легендарната Биба Додева, но само во ревијалниот дел без да се натпреварува. Како што им личи на поп-ѕвездите!
Се на се за фестивалот нема што лошо да се каже, освен…. дека и ова година ја имаше истата грешка. Григор Копров сопственикот на оваа манифестација не направи официјална дружба со пејачите, новинарите, учесниците….
Кога згаснаа рефлекторите сите си заминаа според онаа народната ” куд који мили моји”. А, тоа ич не е добро. Така се губи комплетната фестивалска атмосфера. Да се надеваме дека до година ова ќе биде конечно исправено.
Дуле МИЌИЌ












