screenshot TV Pink

Министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека операцијата на министерот Дарко Глишиќ е завршена и дека тој е на респиратот и дека неговата состојба по мозочниот удар се следи „чекор по чекор“.

Причината е отстранета, но ќе видиме како ќе реагира неговото тело, рече Лончар, наведувајќи дека нема да дава прогноза.

Операцијата траела подолго отколку што обично траат ваквите операции, тоа била исклучително комплицирана интервенција, комплексна, работеле неколку тимови бидејќи не станувало збор само за еден крвен сад, туку за два крвни садови и комбинација од тромб и крварење, рече Лончар.

Тој изјави дека станува збор за крвен сад кој носи крв до мозокот, до центарот за говор и движење на едната страна од телото – и рацете и нозете на него.

Тој додаде дека има проширен крвен сад во кој имало и тромбна маса, и дека тоа е решено.

„Претстои период во кој неговото тело мора да се справи со промените што ги доживеа… Добро е што тој беше во болница по 15, 20 минути и влезе во процедурата за интервенцијата што беше направена еден до два часа, што е идеално време за добар резултат. Но, не сакаме ништо да кажеме однапред, одиме чекор по чекор“, рече Лончар.

Како што изјави – тој е интубиран и е на респиратор, на кој ќе остане барем до утре наутро.

Беа извршени интервенции што се изведуваат во неколку центри во светот, рече Лончар.

Претходно денеска, на министерот и претседател на Извршниот одбор на СНС Дарко Глишиќ му се слоши за време на гостувањето во емисија на ТВ Пинк и беше примен во Ургентниот центар во тешка состојба.

ИЗДВОЕНИ