Завојуваа Трамп и Нетанјаху: Тензии помеѓу двајцата лидери, несогласувања околу клучни прашања

360

Односите меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп станаа затегнати во последните две недели поради несогласувањата околу нападите врз Иран и обновените воени операции во Појасот Газа, пишува NBC News, повикувајќи се на извори.

Според извештаите на медиумите, израелскиот министер Рон Дермер минатата недела му го пренел на Трамп разочарувањето на премиерот Нетанјаху поради неговата изјава дека сѐ уште не е донесена одлука дали Иран во иднина ќе може да збогатува ураниум.

Од друга страна, Трамп го изрази своето незадоволство од одлуката на Нетанјаху да ја обнови војната во Газа, што, како што се наведува, е во спротивност со планот на Трамп за обнова на тој регион.

За време на разговорите зад затворени врати, Трамп изјави дека новите воени акции на Израел во Појасот Газа се губење време, бидејќи само ќе го отежнат процесот на реконструкција. Претходно беше објавено дека САД и Израел размислуваат за создавање американска администрација во Газа пред крајот на војната.

Според изворите, консултациите биле поврзани со формирање на преодна администрација на чело со американски функционер, која би управувала со Газа додека територијата не се „демилитаризира и стабилизира“, како и додека не се формира палестинска влада.

Медиумите исто така јавуваат дека САД планираат постепено повлекување на војниците од Сирија, но Израел бара преиспитување на таа одлука.

ИЗДВОЕНИ