Големи количини снег веќе се регистрирани во планините на Србија, додека снежните бури стигнаа и до пониските региони. Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ) издаде црвено предупредување поради обилни врнежи од дожд и снежни бури.
На социјалните мрежи се појави видео од патот Ивањица – Сјеница, на кое јасно се гледа снежната бура, со порака: „Возете внимателно!“
Оваа снимка дополнително потврдува дека Србија се соочува со сериозни временски услови и дека условите за возење се веќе тешки.
View this post on Instagram
Според најавите на РХМЗ, повеќето места ќе добијат помеѓу 60 и 100 мм дожд во следните 48 часа, додека на некои локации се очекуваат до 120 мм врнежи.
Во ридските и планинските подрачја, снежната покривка може да достигне од 10 до 20 см, локално повеќе од 30 см, додека на највисоките планини се очекува над половина метар снег.
Експертите предупредуваат дека ова е една од најинтензивните октомвриски временски промени во последните години – снегот и дождот ќе предизвикаат големи проблеми во сообраќајот,локално постои и ризик од ненадејни поплави.