Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор во девет новогодишни куќарки во Градската чаршија во Струга и издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување на основните хигиенски услови. На угостителите им се изречени парични казни од по 200 евра во денарска противвредност, а издадени се и налози за нивна регистрација во Агенцијата како оператори со храна.

– Со контролата спроведена на 22. овој месец, утврдено е дека во куќарките работеле физички лица, и тоа во нехигиенски услови, односно куќарките не биле поврзани на градската водоводна мрежа, ја немале спроведено задолжителната дезинфекција, дезинсекција и дератизација, лицата ги немале спроведено задолжителните здравствено-санитарни прегледи, а не биле почитувани ни правилата за добра производствена и за добра хигиенска практика. Решенијата за времена забрана вршење дејност ќе останат на сила сè до исполнување на потребните услови за работа – велат од АХВ.

ИЗДВОЕНИ